Дончиќ и Далас посилни од мега-тимот на Бруклин, Клиперс ја добија битката за Лос Анџелес (ВИДЕО)

На крилјата на Лука Дончиќ и неговиот „флерт“ со нов трипл-дабл учинок, Далас успеа да стигне до 38. победа во сезоната совладувајќи го Бруклин со 113-109. Словенецот натпреварот го заврши со 24 поени и 10 скока на кои додаде и 8 асистенции. Кајри Ирвинг беше прво име го гостинскиот состав со 45 поени и 5 скока.

Клиперс славеа со убедливи 118-94 над Лејкерс во дербито на Лос Анџелес. Пол Џорџ беше предводник на домаќините со 24 поени и 7 скока, додека него го следеше Каваи Ленард со 15 поени и 8 скока. Кајл Кузма беше прво име на натпреварот со 25 поени и 5 скока, додека Монтез Харел додаде 14 поени и 6 скока против својот поранешен клуб.

Одлична вечер имаше и Никола Вучевиќ кој во победата на Чикаго над Шарлот од 99-120 забележа дабл-дабл учинок од 29 поени и 14 скока. Кај домаќините прв стелец беше Пи-Џеј Вашингтон со 24 поени и 6 скока.

Се вчитува...