Дончиќ и Ирвинг комбинираа 85 поени во дербито на Тексас, нов дабл-дабл на Мициќ

Далас ја забележа третата победа во низа во НБА лигата откако во дербито на Тексас против Хјустон славеше со 147-136 благодарение на Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг кои заедно постигнаа 85 поени.

Американецот натпреварот го заврши со 48 поени и 7 скокови, а Словенеот со 37 поени, 12 асистенции и 9 скокови. На спротивната страна се истакна Брукс со 29 поени.

Српскиот плејмејкер Василије Мициќ забележа нов дабл-дабл во дресот на Шарлот, овој пат од 17 поени и 10 асистенции, но тој не беше доволен да се избегне пораз од 118-121 против Оклахома.

Oстанати натпревари: ЛА Клиперс – Кливленд 120-118, Индијана – Мајами 117-115, Бостон – Портланд 124-107, Орландо – Чикаго 113-98, Феникс – Њу Орлеанс 105-113, Торонто – Вашингтон 130-122, Милвоки – Њујорк 109-122, Сан Антонио – Филаделфија 126-133, Бруклин – Сакраменто 77-107, Голден Стејт – Јута 118-110, ЛА Лејкерс – Минесота 117-127

Се вчитува...