Дончиќ и Јокиќ флертуваа со „трипл-дабл“ во поразот на Далас и победата на Денвер

Лука Дончиќ и Никола Јокиќ изминатата вечер повторно бе лидер на своите тимови. Словенецот овој пат не успеа да го предводи својот тим до победа, но во истото успеа Србинот.

Дончиќ во поразот од Бостон со 125-112 забележа 42 поени, 9 асистенции и 8 скока, додека Јокиќ го предводеше Денвер до победа по продолжение против Оклахома (126-131) со 39 поени, 10 скока и 9 асистенции.

На победи изминатата вечер се радуваа и: Шарлот, Кливленд, Минесота, Атланта, Мајами, Бруклин, Чикаго, Њу Орлеанс, Детроит и Голден Стејт.

Се вчитува...