Дончиќ и Порзингис ги решија Клиперс, нов пораз на Лејкерс (ВИДЕО)

Лука Дончиќ на одличен начин се врати на НБА терените по повредата, совладувајќи го Лос Анџелес Клиперс по продолженија со 112-104.

Кристапс Порзингис со 30 поени и Лука Дончиќ со 26 беа први имиња во победничкиот табор, додека кај поразените Реџи Џексон уфрли 31 поен.

ЛА Лејкерс запишаа нов десетти пораз сезонава, откако загубија на гостувањето кај Њујорк Никс со 106-100. Еван Фурние со 26 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволен беше трипл-дбал учинокот на Расел Вестбрук (31 поен, 13 скока и 10 асистенции).

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Детриот – Мајами 92-100 и Портланд – Денвер 119-100.

Се вчитува...