Дончиќ има трипл-дабл и кога шутот не го служи, Далас го осигура местото во плејофот

Далас славеше на дуелот против Торонто со 114-110, триумф со кој Маверикс го обезбеди пласманот во плејофот како една од најдобрите шест екипи во Западната конференција. Торонто, кој веќе ги загуби шансите за доигрувањето, настапи со само седум кошаркари на овој меч, добро му парираше на фаворитот, но поразот беше неизбежен. Лука Дончиќ немаше свој шутерски ден за Далас, погоди една тројка од осум обиди, шутот од поле му беше под 50% (7/19), но и со едно вакво издание Словенецот стигна до триплдабл, завршувајќи го мечот со 20 поени, 10 скокови и 11 асистенции.

Денвер го совлада Детроит на гостински терен со 91-104, резултат со кој Нагетс го осигураа третото место на „западот“. Никола Јокиќ беше на прагот за само едно полувреме да стигне до триплдабл (13 поени, 9 скока и 9 асистенции), Србинот во третата четвртина стигна до 20 поени, 15 скока и 11 систенции, по што последниот период од мечот го преседе на клупата, да не се ризикува повреда пред почетокот на плејофот.

Вашингтон триумфираше над Кливленд со убедливи 120-105, натпревар на кој повторно извонреден беше Расел Вестбрук, реализирајќи 21 поен, 17 асистенции и 12 скокови.

НБА резултати:

Вашингтон – Кливленд 120-105, Детроит – Денвер 91-104, Оклахома – Јута 93-109, Филаделфија – Орландо 122-87, Далас – Торонто 114-110, Хјустон – ЛА Клиперс 122-115, Мемфис – Сакраменто 107-106, Голден Стејт – Њу Орлеанс 125-122.

Се вчитува...