Дончиќ излезе со маица со порака: Се што ми треба е суво месо и ракија

Кошаркарите на Далас се поразени на свој паркет 117-109, и покрај одличната партија на Лука Дончиќ. Ова на Далас е третиот пораз по ред, со кој се оддалечија од плеј-офот.

Звездата на Маверикс беше разочарана после овој неуспех и изјави дека е фрустриран.

Но, она што многумина го приметија е стајлингот на Лука, кој излезе со маица со порака: „Се што ми треба е суво месо и ракија“.

Далас е на 11. место на западот, и во ситуација да се плаши за пласман меѓу најдобрите осум.

Се вчитува...