Дончиќ израмни НБА-рекорд на кариерата, нова извонредна партија на Јокиќ (ВИДЕО)

Лука Дончиќ го запиша најдобриот учинок во кариерата во асистенции, но неговиот Далас загуби на домашен терен од Њујорк со 117-109.

Дончиќ постигна „само“ 22 поени, шест помалку од просекот од минатата сезона, но со осум скока и една блокада подели извонредни 19 асистенции. Со тоа го израмни рекордот во својата НБА кариера кој го постави минатата година против Милвоки.

Најзаслужен за победата на Њујорк беше Џулиус Рандл кој постигна 44 поени, со 10 скока и седум асистенции, но фасцинираше и со одличната одбрана на Дончиќ во неколку наврати.

Далас по овој пораз е седми на Западот со 30 победи и 25 пораз, а Њујорк е шести на Истокот со 30 победи и 27 порази.

Нова извонредна ноќ имаше и Никола Јокиќ кој во победата на Денвер на Хјустон од 128-99 постигна 29 поени, дополнети и со 16 скока и седум асистенции.

Се вчитува...