Дончиќ ја загуби балканската пресметка

Детроит по голема борба и продолжение од пет минути успеа да слави над Далас со 131-125, во пресметката на двете ѕвезди од поранешна Југославија, Бојан Богдановиќ од едната и Лука Дончиќ од другата страна. На крајот, се радуваше Богдановиќ постигнувајќи 35 поени, додека на спротивната страна Дончиќ реализираше 35 поени, 10 асистенции и пет скокови, но и тоа беше недоволно да се стигне до победа.

Далас на две минути до крајот имаше негатива од осум поени, Дончиќ и соиграчите успеаја да се вратат, но во продолжението им се пресуди Хејс, кој со неколку прецизни удари за три поени му ја донесе победата на Детроит. Хејс го заврши мчот со 22 поени, Бегли и Ајви постигнаа по 19 за Детроит, додека кај Далас расположени за игра покрај Дончиќ беа само уште Хардавеј џуниор со 26 и Вуд со 25 поени.

Детроит по овој триумф останува на дното на табелата во Источната конференција со само шест победи сезонава. За Далас ова беше петти пораз на последните шест натпревари, по што маверикс паднаа по 50% успешност сезонава (10 победи и 11 порази).

Се вчитува...