Дончиќ испровоциран: Јокиќ ако сака нека дојде, но јас Марјановиќ не го менувам

Согласно со протоколите за Ковид-19, тимот на Далас одржа конференција преку платформата „Зум“, а на провокативно прашање, дали за Јокиќ би го менувал Бобан Марјановиќ, Словенецот одговори „дипломатски“.

„Не е моја работа да се занимавам со трејдови, ниту би го менувал Марјановиќ, но доколку Јокиќ сака, нека дојде ваму!“ – одговори Лука Дончиќ.

Каков би бил тој тандем. Лука Дончиќ претходната сезона бележеше просек од 28.8 поени, 9.4 скока и 8.8 асистенции по натпревар, додека Никола Јокиќ имаше просек од 19.9 поени, 9.7 скока и 7.0 асистенции.

Се вчитува...