Дончиќ ќе го потпише најголемиот договор во историјата на НБА, ќе заработи вистинско богатство

Веќе неколку сезони наназад, Лука Дончиќ е одличен во НБА лигата. На секој натпревар е клучен играч за Далас, постигнува поени, дели асистенции, погодува од невозможни позиции.

Согласно тоа, на Словенецот му се подготвува најголемиот договор во историјата, а Дончиќ ќе стане и првиот играч кој во една сезона ќе заработува повеќе од 80 милиони долари.

Само играчи кои имаат минимално седум години исксутво може да потпишат „Супермакс“ договор, и затоа Дончиќ не може да го потпише во оваа, туку следната година. Но, мора да бидат исполнети и други услови, како избор на Ол-Старот, како и во Ол-НБА составот. Со внесување на Ол-НБА, ќе го исполни и својот последен критериум.

Најавите велат дека Дончиќ ќе потпише договор на пет години вреден 246 милиони долари. По сезона тоа би значело 69,2 милиони, или со бонуси повеќе од 80 милиони.

Се вчитува...