Дончиќ: МВП? Тоа би било одлично

Лука Дончиќ, асот на Далас веќе трета година е во разговор за најкорисен играч во НБА лигата во регуларниот дел од сезоната.

Сепак, тој никогаш не го доби највредното индивидуално признание. Во последните две сезони тоа заврши во рацете на Никола Јокиќ, српскиот репрезентативец и ас на Денвер Нагетс.

Дончиќ го предводеше Далас до финалето на Западната конференција минатата година и многумина мислат дека неговото време е дојдено.

„МВП? Би било одлично. Тоа е неверојатно достигнување. Цел ми е тоа, но никогаш не се знае. Се надевам дека ќе бидам во таа приказна“, изјави Дончиќ.

Лука се врати во Далас откако со репрезентацијата на Словенија го заврши учеството во четвртфиналето на Евробаскетот.

Се вчитува...