Дончиќ не е од оваа планета, Јокиќ до дабл-дабл како од шега, Богдановиќ ја спаси Јута…

Далас во извонреден меч го совлада Вашингтон со 125-124, натпреваро што го одбележа пресметката меѓу Лука Дончиќ и Расел Вестбрук. Бекот на Вашуингтон беше поефикасен, реализирајќи 42 поени, но Дончиќ одигра на маестрално ниво, постигнувајќи 31 поен, надополнети со дури 20 асистенции и со 12 скокови. Ова беше прв трипл-дабл на Дончиќ по 15 март, давајќи значаен придонес во големиот триумф во трката за место во плејофот. Херој на натпреварот за Далас беше Доријан Фини Смит, кој на асистнеција на Словенецот ја постигна тројката за победа на девет секунди до крајот на мечот.

Никола Јокиќ со 30 поени и 14 скокови беше најефикасен во редовите на Денвер во големиот триумф од 104-110 на гостувањето против ЛА Клиперс. Србинот повторно одигра на највисоко ниво, но Мајкл Портер Џуниор ја презеде одговорноста во последната четвртина погодувајќи неколку важни шутеви на патот кон победата, за вкупно 25 поени.

Бојан Богдановиќ погоди шест тројки за вкупно 34 поени, предводејќи ја Јута до триумф над Торонто со кој „џезерите“ останаа на првото место во Западната конференција.

Резултати НБА:

Шарлот – Детроит 107-94, Хјустон – Голден Стејт 87-113, Атланта – Чикаго 108-97, Кливленд – Мајами 107-124, Минесота – Њу Орлеанс 136-140, Оклахома – Индијана 95-152, Орландо – Мемфис 112-111, Далас – Вашингтон 125-124, ЛА Клиперс – Денвер 104-110, Јута – Торонто 106-102.

Се вчитува...