Дончиќ не запира, Адетокумбо го однесе Милвоки до победа

Кошаркарите на Милвоки предводени од Јанис Адетокумбо го совладаа составот на Орландо со 109-102, додека Далас благодарение на фантастичниот Лука Дончиќ го победија составотн а Феникс со 130-111.

Бакси тргнаа по победата во втората четвртина во која имаа едно време и 15 поени разлика. На полувреме Милвоки замина со +11, а гостите во ист стил продолжија да играат и во третата четвртина. Опуштањето во последниот период резултираше само со победа од седум поени разлика.

Јанис уфрли 34 поени и 13 асистенции.

Лука Дончиќ продолжува со фантастичните партии. Далас на домашен терен против Феникс покжаа доминација и веќе на крајот од првиот период имаа 18 поени разлика, водство кое на полувремето беше зголемено на 24. Маверикс стигнаа и со 27 поени, а на крајот рутински го донесе мечот до крај.

Лука Дончиќ уфрли 33 поени, додека Динвиди 21 поен. Кај Феникс Ејтон постигна 20 поени.

РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Клиперси 117:119
Орландо – Милвоки 102:109
Атланта – Оклахома 114:121
Торонто – Бостон 110:116
Хјустон – Филаделфија 132:123
Мемфис – Мајами 101:93
Далас – Феникс 130:111
Вориорси – Индијана 104:112

Се вчитува...