Дончиќ незапирлив и за Оклахома

Кошаркарите на Далас ја победија Оклахома со 121-114, на крилата на одличниот словенечки кошаркар Лука Дончиќ кој го предводеше својот тим до триумф со 38 постигнати поени. Тој го пропушти дуелот со Чикаго, но се врати предводејќи го својот тим до нова победа.

Освен 38 поени, Дончиќ против Оклахома запиша и 11 скокови, и осум асистенции. Меѓутоа не беше најефикасен на средбата, затоа што во редовите на гостите Шај Глицес Александер уфрли 42 поени.

Дуелот беше интересен затоа што се менуваа во водство и двата тима. Далас рано стекна двоцифрена предност, но Оклахома до крајот на првата четвртина го презеде водството кое го сочува до средина на втората четвртина. Потоа Мавси режираа серија со која се одвоија на +16, и таа предност ја задржаа до крај.

РЕЗУЛТАТИ:

Индијана – Мајами 82:87
Вашингтон – Бруклин 100:112
Мемфис – Атланта 128:103
Далас – Оклахома 121:114
Сан Антонио – Кливленд 112:111
Портланд – Минесота 133:112
ЛА Клиперс – Бостон 113:93

Се вчитува...