Дончиќ остана без тренерот – фановите го криват Словенецот

Далас Маверикс и Лука Дончиќ во следната сезона ќе бидат предводени од нов тренерот откако по 13 години поминати на клупата на клубот од Тексас, Рик Карлајл си поднесе отставка.

Карлајл седна на клупата на Далас во 2008 години и ја освои титулата во НБА лигата во 2011 кога Маверикс предводени од Дирк Новицки го шокираа триото на Мајами со Леброн Џејмс, Двејн Вејд и Крис Бош. Во 13 години години на клупата на „сините“ Карлајл оствари 555 победи и 478 порази, а заминувањето доаѓа по двете елиминации од Клиперс во првата рунда од плејофот во последните две години.

Навивачите на Далас кривицата за заминувањето на долгогодишниот тренер ја гледаат во Лука Дончиќ за кој велат дека не го почитувал тренерот и неговата замисла за тоа како ќе игра тимот. Како наследник на Карлајл се споменува Џамахл Мозли.

Се вчитува...