Дончиќ потпишува нов договор за 202 милиони долари!

Лука Дончиќ е максимално фокусиран на настапот за Словенија на Олимписките Игри, но веднаш по враќањето назад во САД големиот ас ќе потпише нов договор со Далас маверикс вреден фантастични 202 милиони долари, каков што му доликува на еден од најдобрите кошаркари на денешницата.

Дончиќ е среќен во Далас, а газдата Марк Кјубан во изминатите два месеци повлече неколку потези за да го задржи што подолго Словенецот во својот клуб. Најпрвин беше сменет тренерот Карлајл, кој немаше најдобар однос со Лука, потоа по консултациите со Словенецот беше доведен Џејсон Кид за негов наследник, за неделава во стручниот штаб на Далас да пристигне и Игор Кокошков, стратегот под чие водство Дончиќ стана европски првак со Словенија во 2017 година.

Понудата од 202 милиони долари е максимумот што Далас може да го плати и се однесува за вкупен период од пет години. Во првата, Дончиќ ќе добие 34,7 милиони, а во последната 45,9 милиони долари, со што словенечкиот ас ќе се вклучи во ексклузивниот клуб на играчи со договори од над 200 милиони долари.

Се вчитува...