Дончиќ: Мојата желба не се менува, сакам да станам шампион во НБА-лигата

Лука Дончиќ по настапот за Слвоенија на ЛОИ во Токио и малиот одмор пред новата сезона му се приклучи на Далас во претсезоната и веќе во првиот натпревар го предводеше својот тим до победа од 111-101 над Јута со 19 поени, 6 скока и 5 асистенции.

Словенецот по мечот за медиумите во САД говореше на повеќе теми, а едни од нив беа новата сезона и потпишувањето на нов договор, како и угостувањето на Дирк Новицки и Марк Кјубан во Словенија.

„Мојата цел не се менува и секогаш е иста. Сакам да бидам првак во НБА, но знам дека тоа не е само моја цел туку е цел на секој играч кој влегува во новата сезона. Среќен сум што потпишав нов договор. Словенија не е држава која е блиску до Соединетите американски држави и тоа беше посебен момент за мене. Чест ми беше што можев да ги угостам во мојата татковина“, изјави Дончиќ.

Се вчитува...