Дончиќ сам го реши Хјустон, Лејкерс без Леброн по продолженија подобри од Сан Антонио (ВИДЕО)

Лука Дончиќ го водеше Далас Маверикс до вториот триумф сезонава во победата над Хјустон Рокетс на домашен терен од 116-106.

Словенецот натпреварот го заврши со 26 поени, 14 скока и седум асистенции. Кај поразените Ерик Гордон уфрли 22 поени.

Лос Анџелес Лејкерс без услугите на Леброн Џејмс во крајно интересен натпревар славеа над Сан Антонио Спурс по продолженија со 121-125. Ентони Дејвис со 35 поени и Расел Вестбрук со 33 беа најефикасни кај гостите, додека кај Спурс, Џејкоб Поетл заврши со 27.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда Њујорк – Филаделфија 112-99, Оклахома – Голден Стејт 98-106 и Јута – Денвер 122-110.

Се вчитува...