Дончиќ се врати за Далас да победи, супериорните Вестбрук и Харден

Далас претрпе порази на двете средби на кои Лука Дончиќ паузираше поради повреди, па младиот Словенец беше принуден да се врати за да му помогне на својот тим да стигне до триумф на гостувањето против Оклахома (106-127). Дончиќ го заврши мечот со 25 поени и седум асистенции, а доба помош имаше од Порзингис, кој реализираше 20 поени и девет скокови. Во редовите на Оклахома најефикасен изненадувачки беше младиот српски кошаркар Покушевски, кој реализираше 20 поени.

Расел Вестбрук одигра феноменален натпревар против Индијана, предводејќи го Вашингтон до триумф од 132-124. Експлозивниот плејмејкер реализираше 35 поени, 21 асистенција и 14 скокови, придружувајќи им се на Меџин Џонсон и Оскар Робертсон како трет играч во историјата кој стигнал до трипл-дабл од над 30 поени и над 20 асистенции по натпревар.

Одличен настап имаше и Џејмс Харден, кој го користи неиграњето на Дурант за да се наметне како лидер на Бруклин. „Мрежичките“ синоќа славеа над Минесотаа со 112-107, меч на кој Харден реализираше 38 поени, 13 асистенции и 11 скокови. Ова беше негов 12. трипл-дабл на вкупно 32 одиграни средби за Бруклин, од кои „брадата“ славеше на 18 од последнит е21 меч за новиот клуб.

ЛА Клиперс неочекувано лесно и убедлив го совлада Мајами со 129-105. Адетокумбо со 32 поени беше прв стрелец на мечот, но грчкиот „ѕвер“ немаше соодветна помош од соиграчите, па клиперси благодарение на одличната колективна игра во нападот стигнаа до победата.

Резултати НБА:

Вашингтон – Индијана 132-124, Бостон – Њу Орлеанс 109-115, Бруклин – Минесота 112-107, Њујорк – Мајами 88-98,  Детроит – Торонто 118-104, Хјустон – Мемфис 110-120, Оклахома – Далас 106-127, Сан Антонио – Сакраменто 115-132, Јута – Кливленд 114-75, Голден Стејт – Чикаго 116-102, ЛА Клиперс – Милвоки 129-105.

Се вчитува...