Дончиќ со „дабл-дабл“ во поразот од Клиперс, нов „кралски“ меч на Леброн

Лука Дончиќ одигра уште еден одличен натпревар во кој реализираше дабл-дабл од 29 поени и 10 скока, но истиот не беше доволен за победа на Далас против Клиперс (98-112). Прво име кај гостите од Лос Анџелес беше Каваи Ленард со 30 поени и 9 скока.

На победа се радуваше и вториот тим од „градот на ангелите“, Лејкерс кој на крилјата на Леброн Џејмс и неговите 37 поени и 11 скока славеше со 112-121 на гостувањето кај Портланд. Симонс беше лидер на домашниот тим со 31 постигнат поен.

Неверојатен меч одигра и Кајри Ирвинг кој постигна 38 поени, 9 асистнеции и 7 скока во победата на Бруклин над Голден Стејт со 116-120. На спротивната страна се истакна Стеф Кари со 26 поени, 7 асистенции и 6 скока.

Останати натпревари:

Мајами – Њу Орлеанс 100-96
Торонто – Њујорк 125-116
Денвер – Оклахома 99-101
Феникс – Мемфис 112-100

Се вчитува...