Дончиќ со јубилеј, Дејвис ги водеше Лејкерс до победа над Детроит (ВИДЕО)

Далас Маверикс славеше над Денвер Нагетс со  убедливи 127-99. Повторно најдобар во таборот на Мавс беше Лука Дончиќ кој со 33 поени, 12 скока и 11 асистенции стигна до својот 50. трипл-дабл во кариерата.

Кај Нагетс поради тоа што е во ковид протокол не играше Никола Јокиќ, а најефикасни беа Брус Браун и Кентавиус Калдвел Поуп со по 18 поени.

Ентони Дејвис ги предводеше Лејкерс до триумф над Детроит Пистонс од 128-121. Одличниот центар натпреварот го заврши со 38 поени и 16 скока. Кај Пистонс Алек Бркс постигна 23 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Вашингтон – Мајами 107-106, Кливленд – Шарлот 132-122, Филаделфија – Милвоки 110-102, Чикаго – Орландо 107-108, Хјустон – Индијана 91-99, Мемфис – Оклахома 121-110, Њу Орлеанс – Бостон 109-117, Јута – Феникс 134-133 и Голден Стејт – Њујорк 111-101.

Се вчитува...