Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ беше феноменален изминатата ноќ каде со трипл-дабл учинок го водеше својот Далас маверикс кон убедлив триумф против Сан Антонио спурс од 144-119.
Сепак, тој и пред мечот имаше свое шоу, откако доби обложување со своите тренери. Дончиќ со нив често се обложува дека може да изведе неверојатни потези, а оваа ноќ тоа и му успеа.
Тој свртен со грб кон кошот успеа со една рака да погоди од половина терен, а по загубениот облог тренерот на франшизата од Тексас мораа да прават склекови.
First try 🪄@luka7doncic // #MFFL pic.twitter.com/MGznTxL2Aj
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) December 24, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА