Дончиќ со ново шоу во НБА лигата – „Каква будала“ (ВИДЕО)

Лука Дончиќ беше поприлично расположен на синоќешниот меч на Далас Маверикс против Минесота Тимбервулфс. Иако неговата екипа загуби по продолженија и иако тој немаше своја вечер на теренот, Лука се забавуваше на клупата за резерви.

Меѓу останатото малку се фотографираше, а во еден момент додека отвораше шише со вода сакаше да ја поздрави девојката која поминуваше покрај него, но таа тоа не го предвиде и само го одмина. Лука остана сам со себе да се поздрави, а потоа и почна да танцува.

Дел од коментарите на социјалните мрежи беа „Каква будала“, а младиот Словенец се повеќе и повеќе ги собира симпатиите на американската јавност.

 

Се вчитува...