Дончиќ: Стареам, се ме боли, не знам како играв

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ имаше уште една импресивна партија во НБА. Против ЛА Лејкерс, му донесе победа на својот Далас уфрлајќи 33 поени, а имаше дури 19 асистенции.

Дончиќ пред мечот беше под голем знак прашалник затоа што имаше повреда, која ја заработи на гостувањето кај Мемфис.

„Не знам како играв, многу малку спиев минатата ноќ. Се ме боли. Стареам, но успеавме да добиеме два меча по ред што е одлично, особено против екипа како Лејкерс. Горд сум“, изјави Дончиќ.

Се вчитува...