Доне Бошковски веќе не е тренер на Голден Арт КЛ7

Андон Бошковски од денеска повеќе не е тренер на Голден Арт КЛ7 откако раководството на скопскиот суперлигаш реши да ја прекине соработката со овој искусен стратег.

Информацијата на официјалната веб-страница страница на клубот ја објави КЛ7, заблагодарувајќи му се на Бошковски за ангажманот во досегашната соработка.

„Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 ја информира македонската спортска јавност дека заклучно со 15.01.2020 година (петок) престануваат сите обврски за ангажман како главен тренер во клубот на досегашниот прв тренер Андон Бошковски. На Бошковски му благодариме на досегашната соработка и за придонесот во развој на нашиот проект и му посакуваме многу успех во следните ангажмани. Клубот во текот на следните неколку дена ќе информира за новото решение за прв тренер на клубот“, се вели во соопштението на суперлигашот од Кисела Вода.

Голден Арт КЛ 7 сезонава за првпат беше дел од елитното друштво, но и покрај неколкуте победи во серија не успеа да обезбеди пласман во плејофот, па во вториот дел од сезоната му следи битка за опстанок.

Се вчитува...