Донесена конечна одлука: Мечот за третото место во Евролигата заминува во историјата

Натпреварот за третото место во фајналфорот на кошаркарската Евролига повеќе нема да се игра и тоа е конечната одлука на одборот на елитното европско натпреварување.

Последниот натпревар за третото место во историјата неодамна го одиграа во Абу Даби најголемите грчки клубови Олимпијакос и Панатинаикос, а во натпревар кој никој не го играше ниту го гледаше, победи Олимпијакос.

Досега, игрите на поразените полуфиналисти беа лишени од вниманието на навивачите и јавноста, дури ни самите кошаркари не беа расположени за игра само два дена по тешките порази во полуфиналето, па беше само прашање на време кога ќе следи одлуката што реално беше најдобра за сите.

Значи, почнувајќи од следната сезона, ќе имаме вкупно три натпревари во фајналфорот – две полуфиналиња и едно големо финале.

Фајналфорот треба да се одржи во Белград или Атина во 2026 година.

Се вчитува...