Допатува од САД и во авион дозна дека натпреварот на Арсенал е одложен, а потоа му се јавил Џака

Фудбалерите на Арсенал денеска требаше да играат против Вулверхемптон во меч од 20. коло во Премиерлигата, но натпреварот е одложен.

Натпреварот беше закажан за 13:30 часот, меѓутоа поради ширењето на коронавирусот, истиот беше одложен, а новиот термин ќе треба дополнително да се утврдува.

Таквата одлука посебно го погоди еден навивач на Арсенал кој од САД допатува во Лондон, за да го следи овој меч, но за одложувањето дознал дури откако бил на авионот за Лондон, и бил бесен за тоа.

Тој на социјалните мрежи објави дека дознал за одложување во авион, и дека бил бесен поради тоа.

„Ова боли. Планирав и резервирав билети пред шест месеци, и сега дознав дека натпреварот нема да се игра. Дојдов со сопругата да ја прославиме нашата годишнина и тоа да го памтиме засекогаш, но во авион дознавме дека натпреварот нема воопшто да се игра“, напиша навивачот.

Но, синоќа добил фантастична порака на Инстаграм од Гранит Џака, и не можел да верува дека му се јавил фудбалерот на Арсенал после се.

„Поздрав Џек. Видов дека ти и твојата сопруга допатувавте од САД да го гледате мечот, и видов дека си разочаран што е натпреварот одложен. Ако сте во Лондон на 1. јануари, сакам да ве повикам на мечот Арсенал – Манчестер Сити да бидете мои гости и да ви се заблагодарам што сте толку посветени на нашиот клуб. Дали тоа ви одговара?“, напишал Џака.

Се вчитува...