Допинг тестот на Бен Џонсон од ОИ во Сеул бил лажиран!

Триесет години по скандалот на Олиписките игри во Сеул кога на олимпискиот шампион Бен Џонсон му беше одземена титулата поради позитивен наод на допинг-тестот, откриени се нови докази кои фрлаат сомнеж на валидноста на тие резултати. Бен Џонсон сега си го бара назад златниот олимписки медал на 100 метри.

Новинарите на „Торонто Стар“ дошле до сензационлано откритие во извештајот од лабораторијата во Ј.Кореја по кој отвпра сериозни прашања околу релевантноста на тестот. Според нивните откритија примерокот бил на топло во архивите на судот во кој се водела постапката за позитивниот примерок на Бен Џонсон. На извештајот имало непотпишани и наобјасниви поправки и промена на кодови. На едната страна кодот под кој е заведен примерокот е прешкртан и запишан рачно, а другата страна тој е исто така поправен, а тестот на урината е празен. Различни се дури и наодите на забранетите супстанции. Првично е напишано дека станува збор за оксандролон, а потоа рачно е допишано станозолол. Резултатот е сомнителен и поради фактот дека е утврдено присуство на 80 нанограми на станозолол кој е анаболен стероид кој се користи за време на тренинзите за зголемување на мускулната маса, но за време на натпреварите тој нема никаков ефект.

Уште еден сомнеж на овој случај фрла и откритието дека Џонсон примерокот од урината требало да му го даде на блискот соработник на Карл Луис, Андре Џексон, за што никој нема одговор зошто бил присутен таму и дека тоа било „конфликт на интереси“. Карл Луис го освои златниот медал по дисквалификацијата на Бен Џонсон.

Сите преставници на Канада на Олимпијата во Сеул  се категорични дека извештајот никогаш не им бил доставен на увид и дека тој завршил директно  во седиштето на ИОК во Лозана. Рокот за уништување му истекува на 19 јануари 2019 година.

„Ако ги знаев овие детали, сигурно ќе се борев до крај. Сега ништо не ме спречува повторно да тргнам во потрага по правда“ – вели сега 57-годишниот Бен Џонсон.

Се вчитува...