Достаниќ пред мечот со Шкупи: Како што се спротиставивме на Шкендија така и на чаирчани

По паузата поради усогласување на протоколите за заштита од коронавирусот, прволигашите денеска продолжуваат со своите активности. Во еден од најинтересните натпревари Работнички на арената „Тодор Проески“ го пречекува Шкупи. Шефот на стручниот штаб на „романтичарите“, Ратко Достаниќ верува дека тимот може да продолжи со добрите игри по ремито против Шкендија во Тетово, и на ист начин да се спротистави на чаирчани.

„Имавме малку повеќе време за да се подготвиме и сакаме да продолжиме од моментот на добрата игра против Шкендија во Тетово. Би сакал тимот да го краси истата одважност и самодоверба што ја покажа против Шкендија и на претстојниот меч против Шкупи. Ги знаеме квалитетите на следниот ривал, посебно на неколку индивидуалци кои можат да решат натпревар со сопствен квалитет, но Работнички продолжува со својот начин на игра, тимски, борбено и самоуверено на секој натпревар. Не очекува тежок натпревар, но верувам дека момците ќе се претстават во добро издание и дека ќе оствариме позитивен резултат“ вели Достаниќ.

Од друга страна, Шкупи ја продолжува трката за лидерската позиција со Шкендија па бодовите се повеќе од неопходни за избраниците на Умит Каран.

ПРВА ЛИГА – 11. КОЛО (денеска, 13:30 ч.)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ

Тетово: РЕНОВА -ШКЕНДИЈА

Велес: БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР

Струмица: АК. ПАНДЕВ – БЕЛАСИЦА

Струга: СТРУГА ТЛ – ВАРДАР

УТРЕ (13:30 ч.)

Кратово: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП

Се вчитува...