Достаниќ прозиваше, ќе бара излез за кризата на Работнички

Новиот „шеф“ на Работнички, Ратко Достаниќ, е оптимист дека „романтичарите“ ќе најдат излез од кризата и во вториот дел од сезоната со многу подобри игри ќе побегнат од дното на табелата. Српскиот стратег бараше првата прозивка да ја има пред празниците, управата тоа му го овозможи, се со цел со заедничка напорна работа да се стигне и до посакуваните резултати.

„Почнуваме со напорна работа од самиот почеток, знаеме во каква ситуација е тимот на табелата и потребни ни се шест седмици сериозна работа за да го подготвиме тимот за вториот дел од сезоната во која не очекуваат големи предизвици. Ќе работиме до 30 декември, јас имам информации за квалитетот на фудбалерите, меѓутоа сакам уште од самиот почеток добро да се запознаеме и да се адаптираме во работата. Сакам и на тренинзите да ги видам квалитетите на секој поединец и согласно тоа да доведеме и одредени засилувања на неколку позиции. Можам да ветам напорна работа, голема чест ми е што сум дел од Работнички и верувам дека ќе успееме да бидеме многу поуспешни во вториот дел од сезоната“ – изјави Достаниќ по првиот тренинг со екипата.

Работнички по првиот дел од сезоната сосема неочекувано е последен на табелата со само 15 освоени бода по 18 одиграни кола.

Се вчитува...