Доживотна забрана за „болните идиоти“ кои се исмејуваа со смртта на Сала… (ВИДЕО)

И покрај тоа што првично беше навестена можноста за тригодишна забрана за навивачите на Саутемптон кои се исмејуваа со смртта на Емилијано Сала на мечот против Кардиф, англиските медиуми пренесуваат дека сега им се заканува доживотна забрана за доаѓање на натпревари од Премиерлигата.

„Болните идиоти“, како што ги нарекуваат Англичаните, на дуелот против Кардиф симулираа авион кон гостинските навивачи алудирајќи на смртта на аргентинскиот фудбалер.

Веднаш беа приведени, однесени на испитување, а според најавите покрај паричната казна ќе им биде изречена и доживотна забрана за присуство на натпревари во Англија. Сето тоа како добра поука…

 

Кардиф, инаку, славеше со 1-2 на гостувањето против Саутемптон со гол во судиското продолжение.

„Сакавме да дојдеме до победа која ќе ја посветиме на Емилијано. И горд сум на овие момци“ – истакна менаџерот на Кардиф, Нил Ворнок, по победата која Велшаните ги остави над линијата за испаѓање од лигата.

Се вчитува...