Фудбалскиот клуб Атлетико од Мадрид соопшти дека на навивач му е изречена „доживотна забрана“ да влезе на стадионот поради фрлање предмети на теренот.
Поради тоа беше прекинат натпреварот против Реал Мадрид (1-1) на стадионот Метрополитано во неделата.
Натпреварот беше прекинат во 69. минута кога голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа,кој порано бранеше за Атлетико, му се пожали на судијата дека неговите поранешни навивачи фрлале запалки кон него.
Тренерот на Атлетик Мадрид, Диего Симеоне и неколку играчи се обидоа да ги смират навивачите, но натпреварот мораше да се прекине и од играчите беше побарано да се вратат во соблекувалните. Натпреварот продолжи десет минути подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА