Драган Бочески се враќа на кормилото на Охрид

Драган Бочески повторно се враќа на кормилото на второлигашот Охрид. По разделбата со Гоце Толески, охриѓани повторно одлучија довербата да му ја дадат на Бочески кој се повлече од клупата по лошиот резултатски почеток на „рибарите“ во Втората лига.

Бочески го наследува Гоце Толески, откако не успеа да се договори со раководството на клубот за продолжување на соработката.

Старо-новиот тренер на Охрид првата прозивка ќе ја има на 20. јануари. Охриѓани во вториот дел од сезоната ги чека тешка задача во битката за опстанок.

Се вчитува...