Драгарски промовиран во Беса

После Изаир Емини, денеска тимот на Беса промовираше уште едно звучно фудбалско име во своите редови, со кое ќе се бори за пласман во прволигашката конкуренција следната сезона. Нов играч на тимот од Добридол е Христијан Драгарски, играчот кој доаѓа од Пелистер.

Драгарски има и завидна интернационална кариера, играјќи за Конкордија Чајна од Романија, српски Радник, албанска Теута, а играше и за Победа и Струга ТЛ.

Претходно тимот се засили со Радевски, Хамза, Садики и Алими.

Се вчитува...