Драгиќ има нов клуб, ќе се бори за нова НБА-титула

Горан Драгиќ немаше проблеми да најде нов клуб откако доби отказ од Чикаго булс. За услугите на искусниот словенечки плејмејкер се интересираа неколку клубови од НБА-лигата, а од понудите на маса Драгиќ ја избра онаа на Милвоки бакс.

Американските медиуми јавуваат дека сите детали се веќе средени и се чека само Словенецот да замине во Милвоки на потпис на договорот, со што веднаш би му се ставил на располагање на стручниот штаб. Причината е јасна – заедно со Јанис Адетокумбо да атакува на уште една титула.

Милвоки и лани го бараше Драгиќ во своите редови, ветеранот тогаш ја прифати понудата на Бруклин, но не сакаше овојпат да ја повтори истата грешка, па Словенецот пред крајот на кариерата ќе заигра крај грчката кошаркарска суперѕвезда.

Се вчитува...