Драгиќ му се придружува на Дончиќ во Далас Маверикс?

Горан Драгиќ би можело да го раскине договорот со Торонто Репторс и да му се придружи на Лука Дончиќ во редовите на Далас Маверикс, пренесуваат американските медиуми. Драгиќ по финалето во 2020 година одигра скромна сезона во Мајами која ја обележа со голем број повреди.

Следуваше трејд по кој даде малку несмасна изјава во која рече дека сака да игра во многу поамбициозен тим од Торонто, што нормално беше лошо прифатено од целата организација.

Горан во мај наполни 35 години, а во НБА покрај за Мајами играше и за Феникс Санс и Хјустон Рокетс. 2018 беше дел од „Ол-стар“, а во 2014 беше во третиот тим на регуларниот дел од сезоната и беше избран за играч со најголем напредок.

Се вчитува...