Дракслер ќе му стане соиграч на Алиоски во Лидс Јунајтед?

Повратникот во Премиер – лигата, тимот на Лидс Јунајтед, се обидува да го обезбеди потписот на германскиот репрезентативец Џулијан Дракслер. Тој е пред разделба со Пари Сен Жермен, а менаџерот Марсело Биелса би сакал да го има во составот на Лидс за искушенијата во елитниот англиски фудбалски шампионат. Доколку Дракслер ја прифати понудата, тој би станал соиграч на Езгјан Алиоски.

За германскиот офанзивен играч за врска се интересира и Баер Леверкузен. „Фармацевтите“ планираат токму Драклсер да го замени Каи Хаверц, кој ова лето направи трансфер во Челси.

Лидс Јунајтед е подготвен да плати 25 милиони фунти за Џулијан Дракслер и да го доведе на „Иланд Роуд“.

Се вчитува...