Ливерпул повторно е на чело на премиерлигашката табела откако „црвените“ во неверојатна завршница славеа над Тотенхем со 2-1, и тоа со смешен автогол што гостите си го постигнаа во 90. минута.
Тимот на Јирген Клоп поведе со 1-0 преку Фирмино, но гостите стигнаа до заслужено израмнување преку Лукаш Моура. Тотенхем беше поблиску до победата, но Сисоко промаши стопроцентна шанса, а Деле Али шутираше за малку непрецизно.
Казната стигна во 90. минута, Салах биеше со глава, Љорис кратко одби, но топката го удри во ногата Алдерверелд и заврши во мрежата, за тотална еуфорија на „Енфилд роуд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА