Драма во Аргентина: Белграно до прва титула, Ривер со празни раце

Белграно е сензационален победник на шампионатот на Аргентина откако во денешното финале успеа да слави над гигантот Ривер Плата со 3-2.

Битката за титулата беше исклучително интересна, а Ривер делуваше на патот до 39. титула во историјата откако во последните десет минути влезе со предност од 1-2.

Белграно, тим што немаше ниту една титула до вечерва, сепак блесна кога беше најтешко, а херој беше Николас Фернандез кој влезе во игра во 75. минута, девет минути подоцна погоди од пенал за 2-2, а потоа во 88. минута и го постигна победничкиот гол за прва титула на клубот формиран во далечната 1905 година.

Се вчитува...