Драма во Брисел – Приватниот авион на Меси итно приземјен

Приватниот авион на Лионел Меси мораше да изврши итно слетување на аеродромот во Брисел денеска наутро откако биле откриени проблеми со опремата за слетување, пренесува британскиот „Мирор“.

Се уште не е познато дали ѕвездата на Барселона била во авионот кој дошол од Тенерифе во 9:10 часот. 90 минути подоцна авионот пробал повторно да полета, но по само 45 минути повторно се вратил на аеродромот во Брисел.

Меси го купи авионот пред две години за сума од 13 милиони евра, а од раководството на бриселскиот аеродром не сакаат да коментираат за случајот.

Се вчитува...