Драма во Франција – Маестралниот Ферстапен триумфално!

Извонредна трка за Големата награда на Франција во Марсеј која на крајот ја доби Макс Ферстапен.

Тактички одлична трка на Ферстапен кој планот го спроведе како вистински шампион и во претпоследниот круг го заобиколи Хамилтон без поголеми проблеми.

Серхио Перес на крајот, спроведувајќи го планот на Ред Бул, го премина Валтери Ботас и дојде на третата позиција, откако претходно беше евидентно дека се мачи со пневматиците.

Ботас беше посебно лут поради тоа што од тимот не го прифатија предлогот за две менувања на гуми: „Зошто е..но не ме слушате? Знаев дека ќе има две запирања“ – им порача Ботас на тимот во 46. круг.

Зад Ферстапен, Хамилтон и Перес, на крајот редоследот е Ботас, Норис, Рикардо, Гасли, Алонсо, Фетел и Штрол.

Следните две трки ќе бидат во Австрија на Ред Бул ринг, каде Формула 1-циркусот го очекува вистински спектакл.

Се вчитува...