Драма во Подгорица: Партизан загуби во трилер-меч па ќе игра мајсторка со Будуќност

Партизан и Будуќност ќе играат мајсторка во Белград во битката за финале во АБА лигата, откако во вториот натпревар од полуфиналната пресметка во Подгорица, црногорскиот тим славеше во трилер-меч со 74-73.

Се играше израмнето во првото полувреме, но Будуќност ја доби третата четвртина со 26-17 стекнувајќи се со предност пред финишот. Партизан успеа да се врати во финишот на мечот доаѓајќи до 74-73 на само 14 секунди пред крајот.

Во последниот свој напад Будуќност не успеа да реализира, па на 10 секунди до крајот Партизан имаше напад. Алекса Аврамовиќ се избори за одлична позиција, зицер од под самиот противничкиот кош, но не успеа да реализира за конечна победа на Будуќност од 74-73.

Пантер со 17 поени беше најефикасен кај Партизан, а Ферел постигна 13 поени за домашните.

Сега е 1-1 во полуфиналната серија, а следниот натпревар во Белград ќе одлучува кој ќе игра во финалето на регионалното натпреварување.

Се вчитува...