Драма во Рим: Лацио спасуваше бод со Удинезе

Лацио и Удинезе одиграа меч за паметење што по многу пресврти и возбудувања на крајот заврши без победник, 3-3, дуел во кој фановите на „Олимпико“ можеа да уживаат.

Удинезе прв поведе со погодокот на Ехизбуе, но Лацио се врати, најпрвин израмни преку Пелегрини, а кога Педро во 80. минута постигна еврогол од дваесетина метри се чинеше дека бодовите ќе останат во Рим.

Гостите имаа поинакви планови, па во 86. минута преку Ата го израмнија резултатот, а истиот фудбалер во судиското продолжение стрелаше уште еднаш прецизно, овојпат за 2-3. Шокот кај домаќините беше огромен, но Лацио сепак успеа да се избори за реми, со голот на Малдини постигнат во 95. минута.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...