Драма за паметење: Партизан загуби од Басконија со поени од слободни фрлања во последната секунда (ВИДЕО)

Кошаркарите на Партизан загубија на гостувањето против Басконија со 84-83 во повеќе од драматичен меч во шестиот натпревар од Евролигата, кој беше решен со две слободни фрлања на домашните буквално во последната секунда од средбата.

Шпанците беа подобри во првиот дел добивајќи го со шест поени разлика, но момците на Жељко Обрадовиќ во третата четртвина добивајќи ја со 15-24 направија целосен пресврт.

Но, драмата не заврши на тоа, откако во последниот период од играта Басконија со серија од 13-3 на една минута пред крајот на мечот повторно дојде до предност од 80-77. Сепак, Партизан повторно успеа да се врати во игра, а при водство од 82-80 за домашните, на 13 секунди до крајот Нанели постигна поени и дополнително слободно фрлање за 82-83. Но, супер-драмата се случи во последната секунда. Милер промаши шут за три поени кај Басконија, но Монеке имаше офанзивен скок, па беше фаулиран буквално во последната секунда и успеа да реализира две слободни фрлања за победа од 84-83. Токму Монеке со 16 поени беше најдобар кај победниците, а Нанели кај Партизан заврши исто така со 16 постигнати поени.

Барселона убедливо славеше против Панатинаикос со 80-72. Паркер со 17 поени беше најефикасен кај Барселона, а Грант заврши со 15 поени кај грчкиот тим.

Виртус Болоња, пак, го победи Анадолу Ефес со 93-81. Грузиецот Шенгелија со 19 поени и шест асистенции беше најдобар во победата на италијанскиот состав.

Се вчитува...