Драма за последниот билет: Гренланд даде гол со звукот на сирената, но Чиле оди на СП

Супердраматичен беше денешниот меч за третото место на Пан-американските игри во ракомет, во кој Гренланд и Чиле се бореа за последниот билет за СП 2019 што догодина ќе се игра во Данска и во Германија.

По големата битка и две продолженија од по пет минути на крајот славеа Чилеанците со конечни 39-36, кршејќи ги срцата на домашните навивачи и ракометари, кои го оставија срцето на терен, но немаа сили во дополнителните десет минути да стигнат до историски мундијалски пласман.

Финишот беше суперинтересен, Чиле имаше предност од 32-31 до самиот крај на мечот, но тогаш домаќините со удар од девет метри постигнаа гол за тотална еуфорија во салата. Сепак, во дополнителниот период доминираа Чилеанците, кои на крајот славеа со 39-36.

Чиле ќе се најде во петтиот шешир при ждребот, што ќе се одржи утре во Копенхаген.

Се вчитува...