Драмата во Белград со „хепиенд“ за Црвена Звезда

Црвена Звезда го одбрани домашниот терен во првиот финален натпревар во АБА лигата славејќи со 85-82 против Партизан во драматична завршница во која пресудија слободните фрлања.

Белградските гиганти најавија супердраматичен натпревар уште од самиот старт. Црвена Звезда и Партизан играа во серии и го менуваа водството со тоа што и двата тима беа блиску до двоцифрена предност во еден дел од средбата. Сепак на крајот победникот беше одлучен од линијата за слободни фрлања каде пресуди мирната рака на Дејан Давидовац кој ги постигна последните четири поени за својот тим.

Со 18 поени и 6 асистенции лидер на Црвена Звезда беше Јаго дос Сантос, додека 27 поени и 6 скокови за Партизан реализираше Џејмс Нанали.

Се вчитува...