Драматичен пресврт: Погба би се согласил на нов договор со Манчестер Јунајтед

Пол Погба е подготвен да направи драматичен пресврт и да почне преговори за нов договор со Манчестер Јунајтед. Фрнацузинот има уште помалку од една година од актуелниот доогвор кој Јунајтед може да го продолжи за уште 12 месеци, но менаџерот Оле Гунар Солскјер изјави дека се надева од Погба ќе остане и подолго. Клубот планира преговорите за нов договор со претставниците на Погба да ги почне по завршувањето на сезонава.

Британските медиуми тврдат дека Погба бил расположен за дологрочно останување во Манчестер Јунајтед и покрај тоа што во неколку наврати велеше дека сака да го напушти клубот во кој дојде од Јувентус во 2016 за трансфер кој во тој момент беше светски рекорд, а вредеше 89 милиони фунти.

За да го убеди да остане, Манчестер Јунајтед ќе треба да му понуди една од највиските плати во клубот. Тој во моментов заработува 290 000 фунди неделно или 7.75 милиони годишно плус за  имиџ права 2.87 милиони фунти како и дополнителни 3.78 милиони за лојалност.

 

Се вчитува...