Поранешниот германски голман Георг Кох, откри дека има рак на панкреасот во терминална фаза и дека лекарите му рекле дека го чека уште малку живот.
Германецот кој бранеше во Кајзерслаутерн и Динамо Загреб, минатата година ја напушти тренерската позиција во третолигашот Викторија Келн поради „лични причини“, а потоа откри дека е тешко болен.
Во разговор за германски Спорт 1, откри дека тоа му е последно интервју.
„Сега морам емоциите да ги држам под контрола. Изненадувачки ми се смени животот со само три реченици. Знаев дека морам да се борам, така е секогаш во мојот живот. Морав да се борам за позиција на голот. Ми беше јасно дека нема откажување. Има денови кога главата ми е празна и сум депресивен, а има денови кога можам да корнам дрвја. Тоа не може да се објасни. Не можам да кажам како ќе биде утре. Понекогаш сум навечер супер расположен, а потоа станувам и не можам да дишам“, додава Кох кому лекарите му даваат шест месеци живот.
„Минав хемотерапии и земав лек од САД, и натаму сум жив. Тоа е добро. Не се прашувам „зошто мене“. Можеме вакво интервју да направите со било кого. Но, ова е моето последно интервју. Мислам и на децата во болничка облека. Болните деца веројатно не биле ниту со своите родители на одмор, а веќе мора да лежат на одделите. Тоа навистина ме погоди“, изјави Кох.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА