Дрејмонд Грин не е блиску до враќање на терените

Американскипт кошаркар на Голден Стејт Вориорс, Дрејмонд Грин е надвор од терените од 12. декември по намерниот удар над репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ. Искусниот 33-годишник заработи долга суспензија и ќе се врати на терените откако ќе ги надмине психичките проблеми.

Очекувањата беа дека Грин би можел да се врати на теренот на почетокот на 2024 година, но неговиот тренер Стив Кер ја отфрли оваа можност.

„Си пишуваме преку пораки. Му даваме простор и тој ни дава нам“, изјави Кер кој потоа доби прашање кога би можеле да го видиме на теренот, прашање на кое што не даде конкретен одговор.

„Навистина не знам“.

Се вчитува...