Дрес и златна плакета за Горан Пандев за јубилејот „100 репрезентативни натпревари“ (ФОТО)

Дрес на македонската репрезентација со бројот 100 и златна плакета од Фудбалската федерација на Македонија, која му ја врачи претседателот Муамед Сејдини, доби капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев за својот 100-ти настап во националниот дрес.

Натпреварот против Летонија на арената „Филип Втори“ почна со подароците од ФФМ за Пандев како најава за првиот наш квалификациски натпревар од Групата Г за пласман на ЕП 2020.

Златната плакета на Пандев му ја врачи генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски а од претседателот Сејдини доби и сребрен медал за заслуги за развојот на македонскиот фудбал.

 

Се вчитува...